Македонија МВР вчера издало потврди на 1.208 мигранти

МВР вчера издало потврди на 1.208 мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатиот ден издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 1.208 мигранти.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 605, Авганистан – 443 и на Ирак – 160.

Од почетокот на годината до вчера МВР издало потврди на вкупно 39.043 странски државјани.