Македонија МВР вчера издало потврди на 1.031 мигрант

МВР вчера издало потврди на 1.031 мигрант

Во текот на вчерашниот ден, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 1.031 странски државјанин.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 436,  Авганистан –441 и на Ирак – 154.

Од почетокот на годинава заклучно со вчерашниот ден, издадени се потврди на вкупно 37.835 странски државјани.