Македонија МВР: Вчера биле санкционирани 281 возач во Скопје, од кои 144 во...

МВР: Вчера биле санкционирани 281 возач во Скопје, од кои 144 во Општина Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени биле вкупно 281 мерка, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 9 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени биле 52 мерки за непрописно паркирање и подигнати биле 33 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 33 санкции.

Само на територијата на Општина Центар, вчера биле санкционирани 144 возачи, информираат од МВР.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението на МВР.