Македонија МВР: Состојбата со мигрантите на јужната и на северната граница е стабилна

МВР: Состојбата со мигрантите на јужната и на северната граница е стабилна

Ситуацијата со протекот на мигранти на северната граница, во прифаниот центар Табановце, е мирна, а во последните 24 часа на границата пристигнале и заминале во Србија вкупно 2.715 мигранти, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од ноќеска на полноќ до 8 часот утринава, како што информираат од МВР, на северната граница кај Табановце пристигнале 45 лица и биле издадени 12 потврди за азил. Во кампот моментално се наоѓаат 280 мигранти.

Состојбата е стабилна, велат од МВР, и во прифатниот центар на јужната граница, кај Гевгелија.

„До овој момент во кампот се наоѓаат 500 лица кои чекаат да заминат, а од грчка страна има околу 2.000 лица. Напоменуваме дека овие бројки се менуваат постојано“, стои во соопштението на МВР.