Дописници МВР со детали за инцидентот со поранешниот охридски градоначалник

МВР со детали за инцидентот со поранешниот охридски градоначалник

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија излезе со детали за инцидентот во кој беше инволвиран и поранешниот градоначалник на Охрид.

Како што соопшти Министерството, на 3 октомври во 13.45 часот во Охрид на булеварот Туристичка, во канцеларија на Агенција за недвижности „Трим љум“, сопственост на Ќ.М.(55) од струшкото село Биџево, каде бил присутен и А.П. (52), влегол О.С. (52) од Охрид, кој почнал расправија со М.Ќ. поради нерасчистени имотно-правни односи.

Во еден момент О.С. извадил пиштол „ЦЗ“, кој го поседувал со дозвола, и почнал да им се заканува. Тогаш А.П. и лицето С.Ѓ. (38) од охридското село Велгошти, му го одзеле пиштолот, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.