Македонија МВР: Се затвора преминот Голеш согласно насоките на српската влада за превенција...

МВР: Се затвора преминот Голеш согласно насоките на српската влада за превенција од Ковид-19

МВР ги известува граѓаните дека српскиот граничен премин „Рибарци“ од денеска од 07.00 часот е затворен за патници и возила, согласно насоките од Владата на Република Србија, а во врска со Ковид 19 .

„Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин „Голема Црцорија“ – Голеш (кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица,“ велат од МВР.