Македонија МВР: Регистрирани 557 прекршоци за неносење заштитна маска

МВР: Регистрирани 557 прекршоци за неносење заштитна маска

Во изминатото дененоќие на територија на државата, регистрирани се 557 лица кои не носеле заштитна маска на лицето, информираше Министерството за внатрешни работи. Оттаму апелираат да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Во периодот 27 мај – 28 јуни евидентирани се вкупно 20.967 прекршители по однос на оваа мерка.

Мета.мк и претходно пишуваше дека расте нивниот број.