Македонија МВР распиша меѓународна потерница за Сеад Кочан

МВР распиша меѓународна потерница за Сеад Кочан

Распишана е меѓународна и домашна потерница за бизнисменот Сеад Кочан, кому му е одреден притвор за случајот „Труст“ на СЈО, потврди за „Алсат М“ министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

– Распишани се и централна и меѓународна потерница. Засега не можеме да потврдиме каде би можел да се наоѓа осомничениот од Специјалното обвинителство – вели Нухиу.

Полицијата, како што соопшти вчера за „Мета“ портпаролот на МВР, го побарала Кочан дома, но не успеала да го пронајде. Дел од медиумите уште завчера објавија неофицијални информации дека бизнисменот ја напуштил Македонија и тоа преку граничниот премин Табановце.

Во меѓувреме, телевизијата „Нова“, која е сопственот на бизнисменот, соопшти дека тој не побегнал, туку дека е на службен пат.

Одбраната на Кочан, адвокатот Никола Додевски, вчера доставил жалба до судот за барањето за притвор.