Македонија МВР привело уште тројца за нападите во Собрание, Обвинителство ги ослободило

МВР привело уште тројца за нападите во Собрание, Обвинителство ги ослободило

Единицата за насилен криминал во СВР Скопје во врска со нападите во Собранието на 27 април по наредба на Судија на претходна постапка извршила претреси во домовите на четири лица од Скопје А.Д. (43), С.П. (51), А.М. (22) и А.К. (43).

„По извршениот претрес три од лицата (С.П., А.К. и А.М.) се лишени од слобода, а по насока на јавен обвинител истите се ослободени. Исто така на информативен разговор повикани се и три други лица Т.З. (50), М.П. (22) и Л.Ѕ. (42) сите од Скопје. Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните случени на 27 април во Собранието и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните“, информираат од МВР во дневниот билтен.