Македонија МВР приведе учесници од организацијата на „Скопски фестивал“

МВР приведе учесници од организацијата на „Скопски фестивал“

Полициска акција

Повеќе учесници во организацијата на „Скопски фестивал 2014 година“ се повикани на информативен разговор под сомневање дека направиле измама со телефонското гласање, потврди портпаролот на МВР, Иво Котески, за новинската агенција „Мета“.

Засега нема информација колку лица се повикани затоа што, според нашите информации, можно е во текот на денот да бидат повикани уште луѓе за кои ќе се појави сомнеж за сторено кривично дело.

Од МВР за денеска најавија прес-конференција на која ќе бидат соопштени деталите.