Македонија МВР: Полицискиот час го прекршиле 12 лица, 408 санкции за неносење на...

МВР: Полицискиот час го прекршиле 12 лица, 408 санкции за неносење на маска

Фото: Суад Бајрами, Порталб.мк

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека од вчера, од 22 часот до 5 часот денеска, 12 лица не ја почитувале забраната за ограничување на движењето, полицискиот час. „Синоќа, дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски, направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Преземени се сите потребни активности, контролата на ограничувањето на движењето да се спроведе согласно одлуката на Владата“, соопштија од МВР.

Додаваат дека, во текот на изминатото деноноќие, на територијата на РСМ, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19.