Македонија МВР поднесе прекршочна пријава за лицето што физички нападна граѓанин на маратонот

МВР поднесе прекршочна пријава за лицето што физички нападна граѓанин на маратонот

Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочна пријава за лицето С.С., кое физички нападна граѓанин на Скопскиот маратон.

Како што велат од МВР, С.С. во неделата, на 8 мај, за време на одржувањето на Скопскиот маратон, нападнал граѓанин кој држел транспарент „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“.

Од Mинистерството информираат дека е извршен разговор со С.С. во присуство на адвокат.