Главна секција МВР: Нормализирана е безбедносната состојба, ќе преземеме дополнителни мерки

МВР: Нормализирана е безбедносната состојба, ќе преземеме дополнителни мерки

Министерство за внатрешни работи доцна вечерва информираше дека безбедносната состојба во централното градско подрачје, околу и во Собранието е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир.

„Поради претходната севкупна безбедносна состојба, МВР-СВР Скопје ќе преземе дополнителни мерки и активности за заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и за обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба. До 23.30 часот во Градската општа болница „8 Септември“, Градска болница „Св. Климент Охридски“ и во Клинички центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници. Дополнително во Касарната – Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица“, информираат од МВР.

Од министерството додаваат дека во моментов во Собранието нема повеќе граѓани, а граѓаните кои протестираат се надвор од собранието.