Македонија МВР: Нервозни се оние кои МВР со години го третираат како своја...

МВР: Нервозни се оние кои МВР со години го третираат како своја партиска филијала

Декриминализацијата и професионализацијата што се спроведува по доаѓањето на министерот Оливер Спасовски на чело на Министерството за внатрешни работи ги направи нервозни оние кои беа навикнати МВР со години да го третираат како своја партиска филијала, се вели во реакцијата од МВР на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, соработниците во неговиот Кабинет и сите вработени до кои беа упатени отворените закани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжат со истата енергичност и посветеност да работат на откривање на криминалите кои во последниве години целосно го уништија кредибилитетот на сите државни институции, вклучително и на Министертвото за внатрешни работи“, се вели во соопштението на МВР.

Од МВР велат дека министерот Спасовски ги охрабрува сите вработени во Mинистерството да продолжат да си ги извршуваат своите работни обврски и задачи, професионално и согласно законите.