Македонија МВР не дава граѓанскиот надзор во агенцијата за прислушување да биде без...

МВР не дава граѓанскиот надзор во агенцијата за прислушување да биде без најава

Владата и Министерството за внатрешни работи го прифатиле предлогот на невладините организации Советот за граѓански надзор над прислушувањето да може да врши контрола по сопствена иницијатива, но, не и барањето таа да биде без претходна најава.

Барањата се дел од пакетот коментари и предлози за измена на текстот на Законот што до МВР го доставиле повеќе невладини организации.

„Во однос на коментарот кој се однесува на надзорот над следењето на комуникациите уклажуваме дека е профатена забелешката за надзор над ефективноста на следењето на комуникациите и прифатени се забелешките за допрецизирање на одредбите за Советот за граѓански надзор (да постапуваат по сопствена ионицијатива, право на буџет, просторни услови и друго)“, стои во одговорот на МВР, кој заедно со коментарите и предлозите е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Ова барање веќе е вметнато во текстот на Законот кој е во сообраниска процедура.

Инаку, во првичното решение на новиот Закон за следење на комуникациите, Советот за граѓански надзор беше предвидено да врши контрола единствено „врз основа на барање на граѓани и правни лица за забележано незаконито постапување или неправилности во спроведувањето на мерките за следење на комуникациите.

Сепак, како што може да се види во текстот што е во Собрание, Владата и МВР, кои се предлагачи на Законот не го прифатиле предлогот на невладините Советот за граѓански надзот да врши контрола во Оперативно-техничката агенција без претходна најава.

За утре во собраниската Комисија за одбрана и безбедност во 10 часот е закажана јаавна расправа по предлог-законот за следење на комуникациите и за предлог-законот за Оперативно-техничка агенција.