Македонија МВР: Ќе ги испитаме наводите на СДСМ за нелегално производство на тутун

МВР: Ќе ги испитаме наводите на СДСМ за нелегално производство на тутун

Министерството за внатрешни работи, по соопштението на СДСМ, се огласи дека ќе ги испита наводите на партијата дека во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот Вирџинија, кој е забранет во Република Македонија.

„Министерството за внатрешни работи ќе ги испита наводите на СДСМ за нелегално производство и продажба на тутун од типот „Вирџинија“ и доколку се утврдат било какви сомненија за сторен криминал како и во сите други случаи, крајно неселективно против осомничените ќе бидат процесуирани соодветни пријави“, соопштија од МВР.