Македонија МВР го потврди нападот на Фрчкоски, но не открива детали за преземените...

МВР го потврди нападот на Фрчкоски, но не открива детали за преземените мерки

Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека три непознати лица во петокот го нападнале професорот на Правниот факултет, Љубомир Фрчкоски.

„Во врска со настанот од 3 март, кој од страна на ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше пријавен како физички напад врз професор, беше излезено на местото на настанот, при што е констатирано дека на тој датум, околу 14.15 часот на УКИМ, поточно на службеното паркиралиште кај Правниот факултет „Јустинијан Први“, на Љ.Ф. му пришле три непознати машки лица облечени со качулки на главата. Тие му се обратиле со зборовите „Како не ви е срам“ и додека му зборувале едниот од нив го снимал со мобилен телефон. Во моментот кога им одговорил „Зашто да ми е срам“, тој го удрил непознато лице што му го поставило прашањето, по што трите лица заминале во правец кон булевар Гоце Делчев“, стои во соопштението од министерството.

Сепак, од МВР не соопштуваат какви мерки се преземаат за расветлување на случајот, ниту дали досега успеале да ги идентификуваат и да ги пронајдат напаѓачите.