Македонија МВР: Девет лица повикани на разговор за тепањето на Елвис Бајрам

МВР: Девет лица повикани на разговор за тепањето на Елвис Бајрам

Досега се идентификувани и повикани на разговор девет лица кои учествувале во тепачката вчеравечер во населбата Шуто Оризари, во која тешки телесни повреди доби Елвис Бајрам, досегашен градоначалник на општина Шуто Оризари и кандидат за таа функција на локалните избори на 15 октомври, рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Тој рече дека откако полицијата добила пријава за нарушување на јавниот ред и мир, веднаш се преземени мерки за расчистување на случајот. Ангеловски порача дека МВР ги осудува сите облици на насилство и нема да има толеранција за никого.

– Нагласуваме дека ниту еден инцидент нема да се толерира. Секаков обид за нарушување на демократскиот изборен процес и загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран – рече Ангеловски.