Македонија МВР денеска во Јагуновце ќе уништува запленети дрога и оружје

МВР денеска во Јагуновце ќе уништува запленети дрога и оружје

Министерството за внатрешни работи денеска во 12 часот во кругот на фабриката „Југохром фероалојс“, во селото Јагуновце, ќе спроведе јавно уништување на запленети дрога и оружје.

„Акцијата традиционално се спроведува секоја година по повод 9 јули – Светскиот ден на борбата против мало и лесно оружје, а се уништува голем број запленето оружје и разни видови дрога кои потекнуваат од случаи за кои веќе се донесени правосилни судски пресуди“, стои во информацијата на МВР.