Македонија МВР: Да нема насилство на протестите и да не се напаѓа полицијата

МВР: Да нема насилство на протестите и да не се напаѓа полицијата

Министерството за внатрешни работи денеска ги повика граѓаните да не прибегнуваат кон насилство и вандализам за време на протестите.

„МВР апелира да нема никакво насилство на протестите што секојдневно се организираат. Секој има право да го изрази својот револт и незадоволство, но тоа мора да биде ненасилно, мирно. Да не се уништува имотот, без разлика дали е државен или приватен“, стои во апелот од МВР.

Од Министерството, исто така, ги повикуваат граѓаните да не ја напаѓаат полицијата, затоа што таа е присутна за да ја чува безбедноста и стабилноста.

„МВР апелира до граѓаните да ја третираат македонската полиција како партнер, како чувар на нивната безбедност“, стои во соопштението.