Свет Балкан Мустафа: Ситуацијата во Прешево е мирна и стабилна

Мустафа: Ситуацијата во Прешево е мирна и стабилна

Градоначалникот на општина Прешево, Рагми Мустафа, утринава изјави дека ситуацијата во неговата општина е целосно стабилна и нема нарушување на општата состојба на безбедноста.

– Ситуацијата во општина Прешево е сосема стабилна, мирно е, како и секој друг ден се живее и се работи. Нормално, вознемиреноста се пренесува затоа што Прешево е во близина на Куманово, која е соседна општина во Македонија. Сепак, нема никакви тенденции за нарушување на ситуацијата или на општата состојба на безбедноста – вели Мустафа.

Прешевскиот градоначалник соопшти дека од почетокот на судирите во Куманово, во Прешево пристигнаа околу 700 Албанци, кои се сместени кај роднини и оти се очекува уште утре да почнат да се враќаат во своите домови.