Видео Муслимани протестираат поради објавување карикатури на пророкот Мухамед

Муслимани протестираат поради објавување карикатури на пророкот Мухамед

Повеќе од 800.000 луѓе присуствувале на протестот во центарот на Грозни за одбрана на муслиманските вредности, на кој присуствуваше и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, соопшти денеска руското министерсво за внатрешни работи.
На протестот „Љубов спрема пророкот Мухамед“ се очекувало да се соберат околу еден милион луѓе откако на социјалните мрежи чеченскиот лидер упати повик за масовност.
Присутните носеле плакати на кои пишувало „Не за карикатурите на пророкот Мухамед“ и „Исламот е религија на добрите и на креативните“.

Протест против објавување карикатури на пророкот Мухамед се одржаа и во источниот дел на Авганистан, каде присутните го запалиле знамето на Франција. На протстите во главниот град на провинцијата Нангарар, Џалалабад, демонстрантите извикувале „Смрт за Франција“ и ја повикале владата да ги прекине дипломатските односи со Франција.