Спорт Мурињо потпиша нов четиригодишен договор со Челси

Мурињо потпиша нов четиригодишен договор со Челси

Менаџерот на лондонскиот фудбалски клуб Челси, Жозе Мурињо, потпиша нов четиригодишен договор.

Договорот на Мурињo ќе има важност до 2019 година, а стратегот истакна дека се надева на нови успеси со „сините“.

Мурињо во Челси се врати од Реал Мадрид во 2013 година. Претходно Португалецот беше во лондонскиот клуб од 2004 до 2007 година и освои две титули во Премиер-лигата, ФА купот, Лига-купот и англискиот Суперкуп.

Минатата сезона Челси под палката на Мурињо ги освои Премиер-лигата и Лига-купот.