Дописници Мултиетничките групи за предучилишна возраст повторно ќе функционираат

Мултиетничките групи за предучилишна возраст повторно ќе функционираат

Мултиетничките групи за предучилишна возраст „Мозаик“, кои згаснаа пред неколку години во Гостивар, повторно ќе функционираат.

Од невладината организација „Центар за заедничка основа“, кои се носители на образовниот модел „Мозаик“, најавија дека во тек е опремување на простории во гостиварскиот интернат, каде ќе работат групите.

– Сега со помош на Министерството за труд и социјална политика, овие групи ќе продолжат да функционираат во други простории, кои моментално се опремуваат. Ќе имаме две групи, едната ќе биде македонско-албанска, а другата македонско-турска и воспитувачките кои долго работеа со овие деца, ќе продолжат да работат во овие групи. Со ова сакаме децата од најмала возраст да ги зближиме, каде преку игра ќе можат да се осознаат повеќе, меѓутоа и повеќе да се почитуваат – изјави Вилма Венковска-Милчев, директорка на „Центар за заедничка основа“.

„Мозаик“ 3 модел за интегрирано мултикултурно образование, а се спроведува за да се овозможи промовирање на социјалните и на човековите права на различните етнички заедници.

Проектот финансиски е поддржан од Европската унија и од Амбасадата на САД во Македонија.