Хроника Му вперил пушка во автомобилот оти свирнал со сирената

Му вперил пушка во автомобилот оти свирнал со сирената

Триесет и деветгодишен скопјанец вчера попладне во полиција пријавил дека непознато лице му се заканувало и му вперило пушка „пумпарица“ додека со возилото се обидувал да се вклучи во сообраќај.

Како што информираат од полицијата, според пријавата, инцидентот се случил околу 16.45 часот на улицата Јани Лукровски во Скопје, кога М.Б. (39) сакајќи да се вклучи во сообраќај, дал знак со сирената, од друго возило, кое било пред него, излегол непознат маж, кој почнал да му се заканува, а потоа ја вперил пушката кон автомобилот. Лицето по кратко време си заминало, а М.Б. случајот го пријавил во полицијата.

Екипа на полициската едница „Алфа“ по извесно време го пронашла и го привела осомничениот и било утврдено дека станува збор за 34-годишниот Б.М. од Штип.

Со него бил извршен разговор и по целосното документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена пријава.