Македонија МТСП: 8 декември е неработен ден за сите граѓани на РМ

МТСП: 8 декември е неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 8 декември (четврток), кога се празнува денот на свети Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните кои го чествуваат и го слават патронот св. Климент Охридски.