Македонија Мртов маж пронајден во влез од зграда во Куманово

Мртов маж пронајден во влез од зграда во Куманово

Непознато машко лице со прострелна рана во главата е пронајдено утрово во ходник во зграда, лоцирана на булеварот Октомвриска револуција во Куманово, потврди МВР.

Од МВР соопштија дека случајот во СВР Куманово е пријавен во 7.35 часот. На местото на настанот увид вршат екипи на крим-техника од МВР, јавното обвинителство и на судска медицина.

Дел од медиумите информираат дека телото е пронајдено во зградата во која живее градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.