Свет Балкан Можно е суспендирање на договорот со ЕУ за мигрантите, вели Чавушоглу

Можно е суспендирање на договорот со ЕУ за мигрантите, вели Чавушоглу

Анкара би можела да го преиспита или суспендира договорот за мигрантите со ЕУ ако Брисел не одговори позитивно во врска со безвизното патување на Турците, изјави шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.

Во интервју за телевизијата „А хабер“, Чавушоглу рече дека спогодбата за мигрантите и визната либерализација претставуваат пакет и дека Турција има право да го преиспита или суспендира договореното ако еден елемент не е исполнет.

Тој додаде дека Турција во моментов нема проблеми со Русија, туку дека Москва и Анкара ја зајакнуваат соработката околу прекинот на огнот и политичкото решение за Сирија.