Свет Можни поплави во Бафало

Можни поплави во Бафало

Жителите на Бафало се подготвуваат за евакуација поради можни поплави, по најавата дека температурата на воздухот може да се искачи и до 16 степени откако овој дел на САД минатата недела беше погоден од големи снежни врнежи. Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за поплави поради страв од топењето на снегот, а има најави и за поројни врнежи од дожд и од снег во наредните денови. Гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, рече дека за време на викендот сужбите биле активирани и тие се подготвени за потенцијалните поплави.