Македонија Мото клубот „Ноу лимит“ донираше постелнина на Детската клиника

Мото клубот „Ноу лимит“ донираше постелнина на Детската клиника

Фото: Мото клуб „Ноу лимит“

Дваесет и пет комплети постелнина за дечињата кои се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, донираа членовите на мото клубот „Ноу лимит“. Досега клубот организирал и учествувал во бројни хуманитарни акции со кои помагаат на оние на кои им е потребна помош. Овој клуб брои 15 членови.

Фото: Мото клуб „Ноу лимит“

„Дониравме постелнина бидејќи од службите на Клиниката ни кажаа дека тоа им е потребно. Досега сме иницирале слични акции повеќе од 10 пати. Пред околу еден месец дониравме и ручек за ранливи категории граѓани, а во јануари ќе организираме крводарителска акција на која очекуваме добар одзив“, вели Дарко Гиговски, претседателот на клубот.