Македонија „Мост“ констатираше прекин на електрична енергија на 9 гласачки места во Тетово

„Мост“ констатираше прекин на електрична енергија на 9 гласачки места во Тетово

Граѓанската асоцијација „Мост“ на последната прес-конференција информирапе дека на вториот круг на локалните избори нивните набљудувачи забележале непочитување на постапката на гласање, присуство на неовластени лица и фотографирање гласачко ливче.

На девет гласачки места во општина Тетово имало прекин на електричната енергија еден час, но гласањето продолжило.

Во општина Чаир, гласач гласал без претходно да биде проверен во избирачкиот список и по проверката било утврдено дека тој не е запишан во избирачкиот список во ова избирачко место, туку во соседното.

На гласачко место во општина Чешиново-Облешево, на гласач не му било дозволено да гласа, зашто веќе имало потпис на неговото место во избирачкиот список, а во општина Гази Баба, еден гласач гласал иако имал мали траги од невидливото мастило.

Полицијата отстранила неовласени лица кои биле присутни во село Ваташа пред Спомен-домот во кој се сместени две гласачки места.

На гласачко место во општина Кисела Вода, зад параванот било пронајдено гласачко ливче, а во општина Кавадарци, гласач го фотографирал гласачкото ливче зад параванот.