Економија Москва ќе побара Киев предвреме да го врати долгот од три милијарди...

Москва ќе побара Киев предвреме да го врати долгот од три милијарди долари

Официјална Москва размислува да побара од Украина предвреме да го врати долгот бидејќи властите во Киев не испочитувале низа услови за добивање кредит од Русија во износ од три милијарди долари, јавуваат извори од руската влада.

Според истиот извор, актуелната економска и финансиска ситуација во Украина укажува дека низа параметри кои биле услов за добивање на рускиот кредит не се исполнети, поради што Русија наскоро, најверојатно, ќе мора да побара од Украина предвреме да го врати долгот.