Свет Европа Москва ќе го затвори Црвениот плоштад за новогодишната ноќ

Москва ќе го затвори Црвениот плоштад за новогодишната ноќ

Московските власти одлучија на 31 декември да го затворат Црвениот плоштад поради безбедносни причини, соопштија денеска градските власти.

Полицијата ќе ги враќа сите што ќе пристигнат на плоштадот за да ја дочекаат Новата година, соопшти шефот на безбедносната служба во Москва, Алексеј Мајаров.

Причина за затворањето на познатиот плоштад е снимањето на концертот во живо за државната телевизија „Канал 1“, на кој ќе може да присуствува само избрана публика, пренесуваат руските медиуми.