Македонија Мора да се види оправданоста за новите министерства, реагираат организациите за борба...

Мора да се види оправданоста за новите министерства, реагираат организациите за борба против корупција

Формирањето на три нови министерства и реорганизацијата на системот на државната управа, без претходна длабинска анализа за оправданоста на предлогот, е неприфатливо за Платформата на граѓански организации за борба против корупција

Во својот аналитички извештај, Фондацијата Метаморфозис препорачува Собранието, како законодавно тело, да ги координира напорите за справување со ФИМИ | фото: Мета.мк

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира до Собранието на Република Северна Македонија, за затворениот и неконсултативен процес со засегнатите страни по предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација на работата на органите на државна управа. Тие испратиле писмо адресирано до претседстелот на Собранието, Африм Гаши.

Оттаму реагираат што формирањето на три нови министерства и реорганизацијата на системот на државната управа, без претходна длабинска анализа за оправданоста на предлогот, е неприфатливо за Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

„Укажуваме дека ова влијае негативно врз соработката и довербата на граѓанското општество со креаторите на јавните политики. Со оваа реакција Платформата останува доследна и на претходното укажување од 2022 година дека реорганизацијата на државната управа е исклучително важен процес, кој мора да почива врз принципите на транспарентност, вклученост и претходна подготовка на граѓаните за системските промени што се иницираат“, наведено е во реакцијата на Платформа на граѓански организации.