Култура Монографија за манастирот „Св.Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов

Монографија за манастирот „Св.Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов

Во издание на МАНУ и на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат колор-монографијата за манастирот „Св.Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов.

Промоцијата на најновиот труд на Грозданов е закажана за утре, во салата на Соборниот храм на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

За најновото дело на познатиот научник ќе говорат поглаварот на МПЦ г. г. Стефан и претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски.

Поздравна реч ќе има и Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура.