Македонија MOН објави конкурс за финансирање научно-истражувачки проекти

MOН објави конкурс за финансирање научно-истражувачки проекти

Извор: Министерство за образование и наука

Министерството за образование и наука објави повик за финансирање на истражувачки проекти на научни установи со дејност од висок стратешки и национален интерес. За оваа цел, обезбедени се дополнителни средства за
поддршка на научно истражувачката работа на јавните научни институти, односно со средствата е предвидено да се финансира реализацијата на научно-истражувачки проекти на овие самостојни научни установи кои вршат дејност од висок стратешки и национален интерес за Република С. Македонија и за оваа намена е објавен повик кој може да се погледне на следниот линк.

„Секоја јавна научна установа може да поднесе пријави за финансирање на најмногу три научно-истражувачки проекти, а вкупниот износ кој ќе се доделува за финансирање на проект изнесува најмногу до три милиони денари. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 20. септември. Разгледувањето и рангирањето на апликациите ќе го вршат посебни комисии формирани за оваа намена. Имајќи предвид дека науката, истражувањето и иновациите се клучни носители на севкупниот општествено – економски напредок на државата и еден од основните услови за интеграција во Европската унија, МОН и Владата, во иднина ќе продолжат да посветуваат особено големо внимание на нивниот развој“, информираат во МОН.

Оттаму додаваат дека во оваа насока, буџетот за наука во изминатите три години е речиси двојно зголемен. Исто така, министерството работи на целосна промена на начинот на финансирање на научно истражувачката дејност преку воведување програмско и планско финансирање и продолжување на грантовото финансирање.

„Во подготовка е и нов Закон за научно истражувачка дејност од страна на работна група составена од претставници на сите универзитети и претставници на научните институти“, додаваат во МОН.