Македонија МОН не дозволи децата од Центар да одат порано на распуст

МОН не дозволи децата од Центар да одат порано на распуст

Министерството за образование го одби барањето на Општина Центар за децата од сите седум основни училишта во таа општина да одат порано на распуст, поради енормното загадување на воздухот.

Градоначалникот Андреј Жерновски, неодамна испрати барање до МОН децата да се ослободат од настава, поради високите нивоа на опасните честички ПМ10 и ПМ 2,5.