Македонија МОН иницира средба со УКИМ на 10 февруари

МОН иницира средба со УКИМ на 10 февруари

Министерството за образование и наука го прифати предлогот на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за сеопфатна, стручна и за темелна анализа, од која ќе произлезат предлози за реформи и за подобрувања во високото образование. Од МОН предлагаат средбата со претставници на УКИМ да се одржи на 10 февруари.

„Имајќи предвид дека предлогот од наша страна беше оценет како конструктивен и во насока на унапредување на високото образование во земјата, Министерството за образование и наука на 10 февруари 2015 година предлага да се одржи иницијална средба на којашто би присуствувале соодветни претставници, делегирани од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје“, се вели во соопштението од МОН.

Оттаму велат дека доколку УКИМ ја прифати поканата, локацијата и терминот на одржување на средбата ќе бидат дополнително прецизирани.