Македонија МОН доделува стипендии за 2.905 студенти

МОН доделува стипендии за 2.905 студенти

Министерството за образование и наука за академската 2014/2015 година ќе додели вкупно 2.905 стипендии кои се поделени во три групи. Студентите треба да ги поднесат документите во Министерството за образование и наука од 15 до 30 декември, а резултатите ќе бидат објавени на порталот stipendii.gov.mk на 3 фебруари следната година.

– Право да добијат стипендија имаат редовните студенти на јавните и на приватните високообразовни институции во Република Македонија. Услови кои треба да ги исполнуваат се: да не повторувале ниту една година во текот на студирањето, да не користат стипендија од друга институција или фирма и да се државјани на Македонија. Покрај општите услови, за секој тип стипендија има дополнителни услови, кои секој од кандидатите мора да ги исполни за да стекне право на користење на паричен надомест во вид на стипендија – рече министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.