Хроника Момче избодено со нож во „Мавровка“

Момче избодено со нож во „Мавровка“

Дваесет и тригодишниот Ј.З., вработен во клубот за игри на среќа „Адмирал“ на булеварот Крсте Мисироков во ТЦ „Мавровка“, синоќа околу 20 часот бил физички нападнат од неколку лица, информираат од МВР.

Во нападот тој добил повреди во пределот на гробот од остар предмет, најверојатно нож.

Пренесен е во градската болница „Св.Наум Охридски“, каде се констатирани телесните повреди.