Македонија Могерини: Сите сили на ЕУ се насочени во борба против исламистичкиот тероризам

Могерини: Сите сили на ЕУ се насочени во борба против исламистичкиот тероризам

Состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија, одржан денеска во Брисел, целосно е фокусиран на осигурување на безбедноста во Европа, разбивање на тероризмот и на уништување на Исламска држава и на нејзните разграници, како и на исламскиот тероризам во Африка, изјави високата преставничка на Европската унија, Федерика Могерини.

Могерини истакнала дека на состанокот ќе биде разгледано спроведувањето на одлуките од неодамнешниот самит на ЕУ-Африка за запирање на неконтролираниот бран на мигранција.

Високата претставничка особено ја истакнала важноста на договорот со Турција и со земјите што граничат со Сирија.

Могерини нагласи дека сите министри и влади на ЕУ работат на разбивање и на поразување на Исламска држава во Ирак и во Сирија и на нејзините разграноци во другите земји.

Таа на министрите на ЕУ им поднела извештај за средбата на шефовите на дипломатиите на земјите вклучени во воените операции и за најстојувањата да се формира контакт-група за покренување мировен процес во Сирија во рамките на ОН.

Жан Аселборн, шефот на дипломатијата на Луксембург, кој претседава со ЕУ, на новинарите им рекол дека е многу важно тоа што на состанокот во Виена е постигнат одреден договор меѓу САД и Русија за запирање на конфликтите во Сирија.