Свет Европа Могерини: Нема привилегиран безвизен режим за Турција

Могерини: Нема привилегиран безвизен режим за Турција

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, денеска изјави дека Турција ќе добие безвизен режим откако ќе ги исполни сите услови.

Турција побара нејзините граѓани од јуни да можат да патуваат во земјите од шенгенската зона на ЕУ без визи, а во замена се согласи да ги прифати мигрантите што Европа ќе ги враќа.

Сепак, ЕУ инсистира Турција да ги исполни сите 72 услови пред да добие безвизен режим, од кои речиси половина се исполнети.

Могерини рече дека преговорите со Турција за влез во ЕУ се „единствен начин да се помогне на Турција да ја модернизира својата држава и да ги почитува човековите права“.