Економија Могерини: Наскоро ќе бидат укинати економските санкции кон Иран

Могерини: Наскоро ќе бидат укинати економските санкции кон Иран

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека очекува наскоро да бидат укинати економските санкции против Иран.

Иран и шесте светски сили предводени од САД, во јули минатата година постигнаа историски договор за иранската нуклеарна програма, врз основа на кој ќе бидат укинати санкциите против Техеран во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма.

Могерини, пред новинарите во Прага, изјавила дека сè уште не е одреден датумот за укинување на економските санкции.

Таа додала дека е неопходно договорените чекори да се спроведат правилно, вклучувајќи ја и работата на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Могерини, по консултација со министрите за надворешни работи на Иран и на САД, им порача дека верува дека работите се движат во добра насока и дека санкциите ќе бидат укинати наскоро.