Свет Балкан Могерини им порача на српските радикали: Чувајте си ги грлата за изборите

Могерини им порача на српските радикали: Чувајте си ги грлата за изборите

Сакаме мирна предизборна кампања, истакна шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, во обраќањето во српскиот парламент, додека пратениците на Српската радикална странка цело време извикуваа „Србија, Русија, не ни треба Унија“, а пратениците на Двери држеа пораки дека Србија не му верува на Брисел.

Могерини на пратениците на СНС им порача дека нема да ја попречи нивното викање, дека ќе се уморат и оти подобро е да си ги чуваат грлата за обраќањата пред граѓаните за време на предизборната кампања, која, како што констатираше, веќе почнала.

Високата претставничка на ЕУ нагласи дека е важно сите граѓани на Србија да се вклучат во клучните одлуки што земјата мора да ги донесе и додаде дека улогата на парламентот е особено важна затоа што е врска меѓу граѓаните и институциите.

– Се соочуваат со изборна иднина. ЕУ со нетрпение очекува соработка со новиот претседател и со владата на патот кон ЕУ – рече шефицата на европската дипломатија, која на почетокот на говорот на српски рече: „Голема чест ми е да бидам во земја во која се чувствувам како дома“.

Могерини се осврна на претстојните претседателски избори во Србија и истакна дека граѓаните ќе имаат можност да изберат на деократски начин, рационално, врз основа на аргументи и на факти.