Македонија МНР: Петмина македонски државјани заглавени во Газа, во моментов се на безбедно

МНР: Петмина македонски државјани заглавени во Газа, во моментов се на безбедно

Покрај брачниот пар, за кој од порано имавме информации дека се наоѓаат во Газа, во меѓувреме нашата амбасада во Каиро е контактирана од семејство – татко и две деца, сите македонски државјани, информира МНР

Појасот Газа / NASA, Public domain, via Wikimedia Commons

Петмина државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат во Газа, изразиле интерес да се вратат во земјава, информираше денеска Министерството за надворешни работи (МНР).

„Покрај брачниот пар, за кој од порано имавме информации дека се наоѓаат во Газа, во меѓувреме нашата амбасада во Каиро е контактирана од семејство – татко и две деца, сите македонски државјани. За децата се обезбедени документи за нивно враќање во Северна Македонија, а од надлежните институции во Каиро и Тел Авив добиена е информација дека сите пет државјани се ставени на листата за евакуација, за што се чека одлука за отворање на граничниот премин Рафах“, наведено е во соопштението од МНР.

Од таму додаваат дека двете амбасади на Северна Македонија – во Каиро и Тел Авив, се во постојана комуникација со сите наши државјани, кои во моментот биле на безбедно.

„Отворањето на граничниот премин е условено со состојбите на терен и во моментот граничниот премин е затворен. Во меѓувреме работиме на идентификување и прибирање податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваме на нашите контакти: СОС телефони на МНР – 075/273-732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Кајро +201033615542“, наведено е во соопштението.