Македонија МНР: Нема наши државјани во Судан

МНР: Нема наши државјани во Судан

Министерството за надворешни работи информираше дека нема наши државјани кои престојуваат во Судан

Фото: Мета.мк

Според досегашните информации добиени од македонската амбасада во Каиро, како надлежно дипломатско – конзуларно претставништво за Судан, Министерството за надворешни работи информираше дека нема наши државјани кои престојуваат во Судан. Воедно, не биле регистрирани ниту повици од наши државјани на кои им е потребна помош.

МНР исто така апелираше доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mk, како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната емејл адреса globalsos@mfa.gov.mk

Борбата за превласт во Судан продолжува, досега загинати над 400 лица