Македонија МНР: Македонските граѓани да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија

МНР: Македонските граѓани да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија

Апелот на МНР следува откако Словенија ја зафати големо невреме поради што се затворени голем број на патишта и автопати низ целата земја

Министерство за надворешни работи (МНР) / Фото: Мета.мк

Министерството за надворешни работи (МНР) апелира сите граѓани на Северна Македонија да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија, особено подрачјата покрај реките. Апелот на МНР следува откако оваа држава ја зафати големо невреме, поради што се затворени голем број на патишта и автопатишта низ целата земја.

Министерството ги повикува граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни.

Од МНР ги замолуваат македонските граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуална помош, да ја контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана на телефонските броеви +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на е-адресата ljubljana@mfa.gov.mk.

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-адресата globalsos@mfa.gov.mk.

Големо невреме ја погоди Словенија, поплавите предизвикаа материјална штета