Подглавна секција МНР го отповика македонскиот амбасадор во Токио

МНР го отповика македонскиот амбасадор во Токио

Од МНР информираат дека Претседателот на државата Стево Пендаровски го потпишал указот за отповикување, кој што беше објавен во Службен весник.

Архива „Мета“

Отповикан е македонскиот амбасадор во Токио откако Министерството за надворешни работи предложило, а Владата го прифатила предлогот на министерот за отповикување на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија. Од МНР информираат дека Претседателот на државата Стево Пендаровски го потпишал указот за отповикување, кој што беше објавен во Службен весник.

Неофицијално, амбасадорот Горан Цеков е повлечен од амбасадата во Токио, по обвинувања за непримерно однесување поднесени од две жени.