Свет Балкан ММФ почна преговори со Србија

ММФ почна преговори со Србија

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска во Белград почна разговори со делегацијата на Србија по повод ревизијата на аранжманот во вредност од 1,2 милијарда евра.

Главна тема на првата ревизија на тригодишниот аранжман ќе биде состојбата во јавните финансии во Србија, преструктуирање јавни претпријатија, намалување на бројот на вработените во секторот и негова приватизација.

ММФ на 23 февруари ѝ одобри на Србија стенд бај аранжман, кој опфаќа структурни реформи и мерки за штедење што треба да придонесат за намалување на буџетскиот дефицит.