Македонија ММФ го поздрави предвременото отплаќање на долгот

ММФ го поздрави предвременото отплаќање на долгот

Меѓународниот монетарен фонд го поздрави предвременото враќање на кредитната линија за претпазливост за Македонија.

– Ја поздравувам одлуката на Македонија за предвремено враќање на заостанатите обврски кон Фондот, што го покажува подобрениот пристап на земјата до меѓународните пазари на капитал. Со нетрпение очекуваме продолжување на блискиот и конструктивен дијалог со македонските власти – изјави Кристин Лагард, директорка на ММФ.

Република Македонија предвреме ги исплати вкупните заостанати обврски кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 173,3 милиони долари. Овие обврски произлегуваат од средствата повлечени во рамките на Претпазливата ликвидна линија, одобрена во јануари 2011 година. Според првичниот план, последната рата требаше да се исплати во март 2016 година.

Извршниот одбор на ММФ го заврши четвртиот и последен постпрограмски надзор со Македонија на 15 јануари 2015 година.